Спасен Силјаноски од 4 месеци пандемија 3 ги помина во карантин

Спасен денес објави дека конечно излегува од дома

Драги пријатели конечно после 40 дена и два последователни негативни тестови заврши мојата борба со ковид-19…
Од срце ви благодарам на сите вас кои несебично ми ја дававте вашата поддршка и ви посакувам беспрекорно многу здравје. Им посакувам здравје и на оние кои го посакуваа мојот трагичен крај но Спасен Сиљаноски е Лав и се бори до крај така да не им се исполни желбата но ќе кажам само едно “Простиим Господе незнаат што прават”.
Ќе ми извините сите но најголемото БЛАГОДАРАМ ќе го дадам на мојата сопруга затоа што иако знаеќи дека може да се зарази од мене сепак не ме остави сам ниту една секунда ♥️♥️♥️
Сепак за сето ова време поминато во изолација извлеков и некоја поука. Научив кој ми се вистински Роднини, другари, пријатели, колеги, а научив и кој се лицемери и лажни ликови кои се плеткаат во мојот живот само од личен интерес, таквите за моја среќа, а нивна несреќа ќе ги оттргнам од мојот радиус….
Иако прилично лесно се справив со болеста и со лесна физичка болка сепак имаше една друга болка многу потешка од ковид-19,а тоа беше моментот кога не смеев да си ги гушнам дечињата. Во една прилика ми рекоа: “Тато зошто не сакаш да се гушкаме и зошто не спиеш со нас? ти повеќе не не сакаш” 😪. Си отидоа од мојата соба плачеќи, тие плачат на глас, а јас затворен плачам сам и душата ме боли неможеќи да им објснам зошто е тоа така 😪😪😪 Сепак има Господ и на крај нештата си дојдоа на свое место.
Уште еднаш ви БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ БЛАГОДАРАМ !!!
п.с. Ветувам дека стојам на располагање 24/7 да ја донирам мојата крвна плазма за НЕДАЈ БОЖЕ доколку на некој му е потребна без разлика на вера, нација, боја, бидеќи секој живот подеднакво е важен….Ве сака вашиот Спасен Сиљаноски и ви ветувам дека наскоро ќе ве почестам со еден нов хит 

😉 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*