Свадбите ,крштевките и прославите и понатака забранети!

По денешната одржана средба на Здружение На Естрадни Уметници и Независната Угостителска Комора со Комисијата за Заразни Болести, се донесе заеднички заклучок во позитивна насока. Претставниците на НУК и ЗЕУМ го изложија нивното образложение за проблемите кои ги предизвикува точката 13 од Протоколите за работа на угостителски објекти и наидоа на разбирање од КЗБ за голем дел од горенаведената точка. Одлуката која беше донесена чека конечна потврда од Владата на РС Македонија во најскоро време, за да ја започне својата реализација.
Одлуката се состои од следните елементи:

✅ Се дозволува музички настап на естрадни уметници во угостителски објекти на посебно издвоено место во угостителски објект, со најмало растојание од 2 метри на естрадните уметници и најблиските маси, во сите правци;

❌ Забрането е рашетување на естраднот уметник за време на настап кон масите на кои седат гости и низ угостителски објект;

❌ Забрането е одржување на поголеми прослави на кои би имало голем број на луѓе (пр.свадби, крштевки и други семејни и слични забави) поради ризик лесно да се прекршат правилата за однесување во услови на пандемија

Исто така НУК и ЗЕУМ во целост ја поддржуваат работата на Државниот Пазарен Инспекторат за спроведување на казни кои би ги прекршиле правила за однесување и работа во услови на пандемија, како кон угостителските објекти, така и кон изведувачите.
Воедно упатуваат и апел до сите естрадни уметници кои се сведоци дека одреден угостителски објект не ги исполнува условите за спроведување на одредените протоколи, да ги откажат своите настапи во интерес на личното и јавното здравје.
Угостителската Независна Комора и Здружението На Естардни Уметници и самите потврдија дека вработените од нивните индустрии и тоа како веќе имаат развиено свесност за што е тоа лична одговорност за зачувување на личното и колективното здравје и се надеваат дека сите идни музички настани ќе бидат пријатни и безбедни искуства за сите кои се дел од нив 😊

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*