Во Австралија се забележани рекордни 501 случај на новозаразени со коронавирус за еден де

Претходниот рекорд изнесуваше 469 новозаразени на 28 март.

Само во сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, се потврдени 484 нови случаи на зараза.

Сега жителите на Мелбурн мора да носат маска кога излегуваат од дома.

Мелбурн неодамна повторно беше ставен во строг карантин и на петте милиони жители им е дозволено да излегуваат од дома само за суштински работи.

„Носењето маска е биде задолжително за сите кои излегуваат од дома. Повеќето од нас не би излегле од дома без мобилен телефон или клучеви од автомобил. Отсега нема да можете да излегувате од дома и без маска. Тие се суштински за спречувањето на ширењето заразата“, изјави Ендрјус.

Сите што ќе бидат фатени без маска ќе бидат казнети со 200 долари.

Во Викторија досега има над 6.700 случаи на коронавирус, повеќе од половина од вкупната бројка во Австралија, а здравствените власти предупредуваат дека таа цифра може да продолжи да се зголемува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*