ИЗБРУСИТЕ, ако можете! ПРОСТИТЛУКОТ, НЕ ЗНАМЕТО!!!!!!!!!!!!!!

Греота за српските пејачи, со сета почит, греота, оваа година нема концерти Цеца да го наполни Борис Трајковски.Греота и за македонските, што и да има концерти Борис нема да го наполнат! Не затоа што не се способни или помалку вредни туку затоа што: Пфффф ќе давам петстотче за Владо или Тамара, 650 е Бубамара со Аца Лукас заедно? Ќе пуштат бе гратисче, не е Цеца па да мора да се иде!Не ги полнат салите, арената и плоштадите само затоа што живеат во Македонија, е само затоа!Ама тоа сме ние, зборуваме за квалитет, ама не го спојуваме со квантитет. Абе што да Ви кажам, ЕВРОПСКА ШЕМА, Швајцарија е мало маче за нас!Па ние веќе не ни гледаме Евровизија затоа што ни е срам од нашите претставници. “Каде бе ги наоѓаат се такви? Лелеее сите ни се смеат!” (На денешен ден пред една година, сите не признаа како единствени морални и реални победници, ама се заборави тоа..‘‘Ееее сега тоа ли ќе ти мислиме, било па прошло!‘‘)Затоа што наместо ние, други капа долу спуштаат, сигурно некои ‘‘аматерски критикувачи‘‘, со по некоја победа досега на Евровизија…‘‘Ама што се бе тие битни?‘‘Како се спопалевме јако и како сите КВАЗИПОРТАЛИ не отруја за соседите што организираа KONCERT ZA KOMŠIJE! “Еее ама како бе Клаудија, имавме и ние, не сме без ИЧ!”
Имавме, имавме, да не грешам душа. Небитно тоа што нашите KONCERTI ZA KOMŠIJE завршија со обид за убиство во Битола и беееескрајно исмејување на Силви Бенд како пеела Деспасито.И многу битна работа ќе заборавев: во нашата македонска експертиза вбројуваме и шпанска литература! Значи Деспасито се пее Деее-еоо-спааа-си-то, Силви Бенд нема појма!
Нир тука у Македонија у слободно време шпански лектири читаме!Боже ме сачувајсито!“Кој ќе ти оди на пазар бре да се буткам таму со секакви, какви домашни производи какве п***е материне, тоа нема врска! Абе одиш у маркетче, добро сеа и таму е малку гужва ама стаи си бе маска ќе си почекаш малку на каса и готово завршено. Не знам од каде морковот, увоз, ама добар е!”“Нека заврши коронава веќе еднаш, Грчка не‘ чека! Битно границите да се отворат, паштетите у Грчка на плажа се послатки! У Охрид ќе им одам или у она мочуриштето Дојран, пффффф….”Ова се вика ГОРД МАКЕДОНЕЦ!Луѓенца Македонци, Ве цитирам од збор до збор!Би сакала да се извинам за речникот, не ми доликува и не ме одликува знам, ама за цитат се простува!Тоа ГОРД МАКЕДОНЕЦ и ГОРДА МАКЕДОНКА да си го напикате таму кај што ви смрди исто како и устата со која ја плукате наша мала и најубава земја на секаков можен начин! Затоа што од гордост не знаете ни 3 македонски песни, не знаете ниту 3 македонски планини и азбуката ја мешате, а недај Боже да погодите за интерпукциски знаци! Од бројот 3, знаете само да пиете по 3 кафиња до 12ч попладне и да мрчите колку другите се неписмени и прости!
Огромна способност, да докажете неспособност!И да, за малку да заборавам…короната ќе пројде, продолжете да миете раце, устите секогаш ќе Ви бидат нечисти.И пробајте да го ИЗБРУСИТЕ, ако можете!ПРОСТИТЛУКОТ, НЕ ЗНАМЕТО!!!!!!!!!!!!!!

фб статус на Клаудија Стоевска

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*