Реакција од естрадните уметници до владата

Бидејќи на нас никој не помисли ,да ве потсетиме дека постоиме .
Сите ние музичари кои своите приходи ги обезбедуваме од музички ангажмани на веселби
,собири и разни други манифестации.
Сите ние секој на свој начин ги подмируваме обврските кон државата ( придонеси,даноци ,итн )
но сега сме во една незавидна ситуација ,кога не можеме на своите семејства да им обезбедиме
егзистенција и не ни е баш јасно зошто е тоа така.
Веројатно сега многумина од вас ќе не нападнете и ќе речете како не ни е јасно ? Пандемија
владее , вирус со смртни последици !!!
Почитувани , да ни објасните како тоа вирусот е смртоносен за 200-300 гости на свадба ,а не е
опасен за 200-300 вработени во некоја фирма ? Или селективо функционира вирусов ,ако работите
не ве напаѓа, а ако се веселите ..еее тоа е друга приказна ,тогаш е многу многу опасен.
Немојте со обајсување дека работниците во фирмите се заштитени со маски , работат на
растојание од 2 метри . Немојте ,затоа што добро знаеме сите дека не е така .
Што со нас ??? Како да преживееме ???

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*