Поскапи карти, негативен тест и изолација по слетувањето – ова ќе биде новата реалност во авиосообраќајот

Многу Македонци од дијаспората, секое лето го поминуваа во татковината. Сега сите со нетрпение очекуваат да се отвори воздушниот простор над Македонија, надевајќи се дека ќе можат и ова лето да си ги посетат роднините и огништата.

Но летањето со авион во иднина, несомнено ќе претрпи огромни промени, а како резултат на пандемијата со Ковид-19 и немањето вакцина.

Правилата, извесно е, ќе бидат усогласени на меѓународно ниво. Додека се наближува моментот кога патничките авиони повторно ќе полетаат, јасно е дека последиците на пандемијата од коронавирус ќе бидат долго присутни во авиосекторот.

Чекирањето пред влез во авион најверојатно ќе трае со часови (не помалку од два – три часа), додека однесувањето внатре во авионот ќе биде сосема поинакво од она на кое сме навикнати.

Покрај тоа, граѓаните кои сакаат да патуваат со авион ќе мора да имаат и тест на корона вирус, секако негативен, кој не е постар од 72 часа, а кога ќе слетаат ќе бидат во изолација.

Дури и кога превентивните мерки воведени среде пандемијата главно ќе станат минато, некои сепак ќе останат на сила, па патниците на влез во авион ќе мора да чекаат со часови, бројот и капациетот на летови ќе се намали, а со самото тоа и авионските карти ќе бидат поскапи.

Првиот човек на најпрометниот аеродром во Европа рече дека аеродромоте мора да воведат здравствени прегледи, а патниците ќе мора да носат маски. Како што пишува британски Сан, експертите предупредуваат дека ваквите екстремни мерки би можеле да се применуваат во наредните пет години.

Ова би можело да бидат некои од мерките на аеродромите:

Задолжително носење маски и ракавици. Мерење температура пред влегување во авионот. Патниците мора да имаат негативен тест на корона не постар од 72 часа. Почитување на дистанца во авионите. Нема служење храна и пијалоци во леталата. Намалување на бројот на патници, а со тоа и поскапи карти. Изолација при слетување.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*