Здружение На Естрадни Уметници

Почитувани колеги, ве информирме дека е поднесено официјално барање до владата да најде решение за помош на најзагрозените припадници на нашава бранша. Факт е дека сите сме оштетени од оваа криза и тоа никој нема да ни го компензира.
Некои од нас се вработени или осигурани по некоја основа, или имаат некаква заштеда,но најголемиот број немаат никаква заштита. За жал има колеги кои се егзистенцијално загрозени.
Зависно од реакцијата на владата за начинот и обемот на помошта ќе треба да се направи евиденција на оние на кои помошта им е најнеопходна.
Во писмото исто така е побарано од државата по завршувањето на оваа криза во соработка со ЗЕУМ да започне процес на легализација на естрадната дејност.
Штом ќе бидат одобрени јавни собири здружението ќе свика собрание на кое ќе треба да донесеме важни одлуки.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*