Ѓорѓи Николов Делчев 4 февруари 1872 – 4 мај 1903

Mакедонски револуционер и национален херој
Прекар: Гоце • Срцето на револуционерна Македонија • Душата на Внатрешната организација [1] • Балкански и македонски Гарибалди [2] • Македонски Левски [3] • Ахил [4] • Кант’л шејтан [ˣ 1]
Роден во: Кукуш, Егејска Македонија
Починал во: Баница, Серско, Егејска Македонија
Служба во: Македонско национално движење
Период на служба: 1894 – 1903
Чин: задграничен претставник • војвода • главен инспектор на четите
Единици: Четнички институт
Командува/л со: Македонската револуционерна организација
Битки/војни: Борба за Македонија • Битка кај Баница
Други занимања: учител, Мисли на Гоце – „ Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите “
„ Ќе удри утринската зора и за нас… “
„ Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива “
„ Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех! “
„ Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија “
„ Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух “
„ Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население “
„ Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница “
„ Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце “
„ Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите “
„ Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците “
„ Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа… “
„ Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија? “

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*