ИНТВ ВО ПОСЕТА НА ПЕРТ


Викендов во Перт се одржа одлична забава која што ја организираше единствената македонска телевизија во Австралија, ИН ТВ по повод 9-тиот роденден.

Сателитската телевизија, која важи за најголемиот промотор на македонските музичари и македонската песна ширум целиот свет, реши да направи своја манифестација преку која ќе ги избере најуспешните и најпопуларни македонци во Австралија, кои низ сите овие години на свој начин допринеле за ширење на македонската традиција и култура.

Откако изборот беше одржан пред недела дена во Мелбурн, овојпат признанија добија најуспешните лица и здруженија во Перт.

Кирјана Камчевска, Маријана и Мишела Димоски, Славе Мицески, Македонскиот културен центар “Илинден”, Македонската Православна Црковна Општина “Св. Никола” од Перт и западна Австралија, Македонската народна Општина “Вардар”, Драган Ковачески, Николче Симоновски-Јошка, Драган Капинков и други.


Забавата беше надополнета со убави македонски песни кои ги изведоа македонски музичари кои што живеат во Австралија. Настапија Иван Радевски, Ленче Маркоска Петреска, Љупчо Николовски, а специјални гости на вечерта беа Јошката и Владе Јованоски.

Караванот на најуспешните и ИН ТВ продолжува во Волонгонг на 22-ри Февруари. Специјален гостин ќе биде познатиот пејач од Македонија, Ташко Каранфиловски кој во моментов ја остварува првата Австралиска турнеја.

INTV PERTH

Gepostet von INTV am Samstag, 8. Februar 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*