АВСТРАЛИЈА ИМ ГИ ОТКАЖУВА ВИЗИТЕ НА КИНЕСКИТЕ СТУДЕНТИ ПОРАДИ КОРОНА ВИРУСОТ

Повеќе од 100.000 кинески студенти не можат да го продолжат своето образование на универзитетите и колеџите во Австралија поради забраната за патување со цел да се спречи ширењето на корона вирусот..

Тие ќе го пропуштат почетокот на семестарот и ќе мораат да ги продолжат студиите преку интернет од дома.

Поради новите ограничувања, околу 70 кинески студенти беа задржани на австралиските аеродроми за време на викендот и нивните визи беа откажани.

Кинеските дипломати реагираа дека патниците не биле предупредени за забраната и многу од нив биле затекнати на своите летови кога забраната стапи на сила на први февруари.

„Не сме среќни поради ваквата ситуација бидејќи тие не беа предупредени. Немаше доволно време за да бидат известени за ограничувањата“, вели Ванг Џиниг, заменик раководител на мисијата на кинеската амбасада во Канбера.

Десетици Австралијци беа пренесени со авиони од епицентарот на вирусот, градот Вухан во Кина, останувајќи во карантин на територија на Индискиот океан на Божиќниот остров.

Група лица од Нов Зеланд, Велика Британија, Австралија, Папуа Нова Гвинеја и Самоа, исто така беа пренесени од Вухан со авионски летови долги 12 часа до Оукленд, каде што две седмици ќе останат во карантин.

Светската здравствена организација, ширењето на корона вирусот го прогласи за глобална вонредна состојба.

Полесните случаи на заболени со корона вирус можат да предизвикаат симптоми на настинка, но тешките инфекции можат да предизвикаат пневмонија, откажување на бубрезите и смрт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*