Холивудски актер покажа како пожарот го уништил неговиот имот во Австралија


Холивудскиот актер , Расел Кроу, покажа како изгледа неговиот имот во Нов Јужен Велс, Австралија по пожарот и како изгледа сега, по дождот.

Тој на Твитер објави две фотографии од истиот пејзаж на кои се гледа драстична разлика.

Големиот пожар што го зафати селото Нана Глен, кој се наоѓа на 25 километри северозападно од Кофс Харбур, уништи домови и имоти. Расел Кроу има 400 хектари земјиште во близина на местото, кое било погодено од пожарот, но тврди дека имал среќа што неговата куќа не била запалена.

Дрвјата и тревата беа целосно поцрнети по пожарот, но откако иамше неколку дождливи денови, зеленилото се врати, како што се гледа на фотографиите објавени од актерот на Твитер.

„Мојот имот пред 10 недели, по пожарот, и мојот имот утрово, после викенд со дожд“, напиша тој покрај објавените фотографии.

Кроу не бил во Австралија за време на пожарот, но дошол да ја види ситуацијата по него и да договори луѓе за да го исчистат неговиот имот.

Тој не дојде на наградата „Златен глобус“ , што ја освои за неговата улога во мини-серијалот „ The Loudest Voice “, но Џенифер Анистон го прочита неговиот говор во кој актерот ги повикува луѓето да соберат пари за да и помогнат на Австралија.

“Нема сомнение дека трагедијата што се шири во Австралија е резултат на климатските промени. Ние мора да работиме во склад со науката и да направиме глобален напор за да создадеме обновлива енергија, да ја почитуваме нашата планета поради нејзината  единственост и уникатност. Така, сите ќе имаме иднина”. , пишува во писмото што го прочита Анистон.

\

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*