Сиднејската опера осветлена со слики од пожарникари

Препознатливите „едра“ од кровот на Сиднејската опера се осветлени со слики од пожарникари кои волонтираат во гасењето на големите шумските пожари кои ја зафатија Австралија, пренесе „9 Њуз“.

Проекциите, со порака „Ви благодариме“, се начин на кој се изразува поддршка на пожарникарите и заедниците кои се зафатени од неколкумесечните пожари, зголемените температури и чадот.

Во меѓувреме десетици милиони долари се собрани за помош на погодените подрачја. Од 20 јули минатата година 20 луѓе, меѓу кои и три пожарникари, 6.200 домашни животни и милиони диви животни страдале во шумските пожари.

radiomof.mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*