Уапсен „Малчанскиот бербер“ грабнувачот на 12-годишната Моника Карамановиќ


Осомничениот за киднапирањето на 12-годишната Моника Карамановиќ, Нинослав Јовановиќ е фатен во близина на гробиштата во неговото родно село Малча, јавуваат српските медиуми.

Обвинителството потврди дека е уапсен и префрлен во затворот во Ниш. Полицијата 17 дена трагаше по Јовановиќ, познат како Малчанскиот бербер, кој успеа да и побегне на полицијата кога по 10 дена потрага беше пронајдена Моника Карамановиќ.

Родителите на малата Моника од Ниш, изјавија дека се пресреќни што монструмот конечно е уапсен и што агонијата е завршена. Им порачаа на другите родители кои стравувале за своите деца да се смират и се надеваат на максимална казна за уапсениот Нинослав Јовановиќ .

Јовановиќ е поранешен осуденик за силување и во затвор бил 12 години. Ослободен во март минатата година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*