Македонија ќе помага во санирањето на штетите од пожарите во Австралија

Техничкиот премиер Оливер Спасовски објави дека Македонија ќе одобри помош за Австралија во справувањето со големата огнена стихија која ја зафати земјата и однесе голем број човечки жртви и направи огромна материјална штета со тешки последици по биодиверзитетот.

Владата на првата следна седница, како што кажа Спасовски, ќе определи средства за поддршка за справување со последиците и реновирање на домовите. 

„Секогаш сме ја имале поддршката од пријателска Австралија, а сега најмалку што може да направиме е да бидеме солидарни и да им дадеме мала помош за да ги надминат огромните штети кои ги направија пожарите“, напиша тој на својот Фејсбук.

Техничкиот премиер изрази сочувство на семејствата на загинатите и посака брзо справување со последиците за сите граѓани на Австралија и на сите припадници на македонската дијаспора. 

„Нашата амбасада во Канбера и конзулатот во Мелбурн стојат на располагање за помош и поддршка на сите македонски граѓани, како и на целата наша дијаспора. Голема поддршка за пожарникарите, медицинските и други службени лица кои се борат со огнената стихија, како и до сите други институции и до владата“, додаде Спасовски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*