ФИЛИГРАНИ -2019

Филиграните – најведриот, најраспеаниот фолк фестивал на 26-ти ноември, вторник, ќе го доживее 26-то издание во салата на Домот на АРМ-Скопје со почеток во 20часот. Ќе се одгласат дваесетина нови фолк-рефрени со милозвучна мелоритмика во духот на чалгаџиско-свадбарската фолк-традиција, песни кои ќе ви направат кејф на душата. И токму со тие распеани мелодии, тиe разиграни ороводни песни уште на самиот старт пред 26 години Филиграните го промовираа новиот фолклоен музички жанр чии рефрени со својата восхитувачка мелоритмика лесно допираат до срцата на големиот број љубители на убавата наша песна и тоа е главниот адут за популарноста на ФИЛИГРАНИТЕ, но и фактот што се темелат врз најчистите фолклорни изворишта. Овогодишното издание ќе се одвива под мотото “СРЕЌНИ СМЕ ШТО ГИ ИМАМЕ ФИЛИГРАНИТЕ“ како признание и благодарност од авторите и пеачите-учесници во 26 годишната историја на фестивалот каде и најпознатите актери ги испеале своите најубави песни упатени до неговите творци-музиколгот Костадин Костадиновски и новинарката Катерина Стојановска Десковска кој продуцира рекорден број филк-хитови меѓу кои и мега хитови кои веќе се обнардиле и се одгласуват со безвременска убавина. -Ти донесов млада невеста од Војо Стојаноски, Да беше стрела песнава со Гоце Арнаудов, Розо моја со Ибуш и стотина други кои се наоѓат на петте дискови насловени со Најголеми хитови на Филиграните каде меѓу тие филигрански бисери не се знае која од која песна е поубава. Дел од тоа ќе го повтори успехот од досегашните изданија како сублимат од разиграни, распеани и возбудливи фолклорни импресии што брануват силни емоции доловувајќи суптилен звучен амбиент и сугестивно го дефинираат поимот -фолклорна интерпретација што не ја остават рамнодушна восхитената публика со што уверливо ја промовират стилската естетика на новиот фолклорен музички жанр-чалгаџиско-свадбарската фолк традиција, но и на староградската традиција. Новите дваесетина песни од Филиграните -2019 со милозвучните фолкрефрени ќе ве релаксираат и ќе ви прават кејф на душата. Благица Павловска ќе го започне фестивалот со најслушаната песна од Филиграни 2018. Меѓу пеачите се Гордана Адамов – Лепа Лана, која заедно со Блага Петреска ќе добијат и награда за животно дело.Потоа гостинот од БиХ – Хако Обич, Ивајло Димитров – Бугарија, Орце Стевковски, Серафина Фантаузо, Дамјан Стојаноски, Влатко Алексовски, Васко Форти, Анита Бошкова…А во шоуто ќе настапат Благица Павловска, Вики Среброва, Смиља Митревска, Кате и Нели ти реков,Јулија Мациевска. Дојдете,организацискиот директор Зоран Десковски ве очекува, заедно со тимот на Филиграните: Кате Стојановска – претседател на жири, Јулија Мациевска – водител.. ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН. Филиграни 2019 премерно ќе се емитуваат на ТВ Сонце на 7-ми декември во 18:15часот.

Katerina Stojanovska Deskovska

26-ти Интернационален Фолк Фестивал ФИЛИГРАНИ 2019 26.11.2019,вторник – 20ч. Дом на АРМ БИЛТЕН Добредојдовте на 26-от Интернационален Фолк Фестивал Филиграни 2019 каде ќе прозвучат дваесетина нови фолк-рефрени во духот на македонската фолк- традиција на најраспеаниот фестивал. На сите пеачи,автори,новинари,спонзори кои беа вклучени во неговата реализација и афирмација во изминативе 25 години Советот на фестивалот им изразува голема благодарност и желба соработката да продолжи. Фестивалот „ФИЛИГРАНИ“ ги даде најубавите свадбарски песни кои се обнародија и се пеат на секоја свадба и веселба. Песните „Ти донесов млада невеста“; „Свадба голема“; „Свадба Руменслиска“ – Војо Стојановски се мега хитови како и „Топтан“; „Да беше стрела песнава“; „Што е тука е“ – Гоце Арнаудов, „Ѓурѓовден“; „Бекрија љубовџија“; „Розо моја“; „Цветанке моја“; „Убава македонка“; „Оган шепоти“; „Сегде појди дома дојди“; „Јана“ и многу други. Најслушана песна помеѓу два фестивала е Ајде,ајде – Благица Павловска со која ќе стартува фестивалот Филиграни 2018. Кој е кој на ФИЛИГРАНИ 2019?  Зоран Десковски – директор на фестивалот  Костадин Костадиновски – уметнички директор – музиколог  Катерина Стојановска – претседател на жири – новинар и водител  Бранко Николовски – претседател на совет  Андреј Десковски – сценарист  Јулија Мациевска – водител  Инфомедија – сценографија  ТВ Сонце – режија  Сенатор рекордс – издавач на ЦД Филиграните премиерно ќе се емитуваат на ТВ Сонце. Информации: Е-маил: filigraniskopje@yahoo.com FB – Filigrani – Филиграни Благодарност до: Министерство за култура, Министерство за одбрана-Дом на АРМ, Вардар градба, Студио Жанета Естетик, Хотел ВИП, Тримакс, ПС. Превентива, ТВ Сонце, Сенатор Рекордс,Ексклузив,Фото Чарли.

 

 

 

 

 

Katerina Stojanovska Deskovska

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*