Пожарите и натаму пустошат низ Австралија – Од чад не се гледа операта во Сиднеј (ВИДЕО)


Чадот од шумските пожари што беснеат северно од Сиднеј го прекри денеска градот , а властите предупредуваа на големи пожари низ источните и јужните региони на земјата, што се шират поради високите температури и силниот ветер.

Втор пат за три дена, Министерството за здравство ги предупреди училиштата да не ги пуштаат децата надвор, а метеоролозите велат дека е малку веројатно дека чадот ќе исчезне во следните неколку дена, бидејќи пожарите продолжуваа да пустошат северно од Сиднеј.




Стотици пожари со недели беснеат долж источниот брег , но појавата на нови во јужна Австралија вчера предизвика евакуација на населението во близина на градот Аделаид.
Снабдувањето со електрична енергија е прекинато за 6.000 објекти во опожарената зона на Полуостровот Јорк во Јужна Австралија за да се избегне можноста од појава на пожар на електричните водови.
Државата Викторија се подготвува за за потенцијално катастрофални пожари бидејќи температурите се искачуваат над 40 степени.
Шест лица загинаа, а скоро 600 домови се уништени во пожарите од почетокот на минатиот месец.
Полицијата започна постапка против 54 лица од август за кршење на забраната за палење оган на отворено.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*