Успешно издание на “Македонски Фестивал на храната” во Мелбурн : Фестивалот поддржан од голем број спонзори


На 27-ми октомври успешно беше реализирано уште едно издание на Македонскиот фстивал на храна, кој се одржува традиционално, оваа година по осми пат.

По осми пат се одржа една од најголемите манифестации во Мелбурн, Македонскиот фестивал на храна. На едно место се собираат илјадници посетители кои се обземени од убавото чувство дека на еден интересн начин се прославува македонската култура, традиција и фолклор. Оваа година ќе има голем избор на македонски традиционални јадења, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусот на: тавче гравче, сарма, бурек, мекици, индијанки, еклери, тулумби и други специјалитети кои што се препознатливи за Македонците од сите краеви на Македонија.

На фестивалот настапија голем број културно-уметнички друштва од Мелбурн и Сиднеј кои се претставија со македонски ора и песни, а што претставуваше посебно доживување за публиката. Пред присутните гости свој настап имаше и Маријана Новаческа.

Македонско-Австралиската организација на Заедницата им се заблагодарува на големиот број спонзори за континуираната поддршка на Македонскиот фестивал на храна, кој што беше успешно реализиран.

Спонзори : Spot on panels, Sheldon Reception, CKI grup .QAQ decorative screens , Liza Roze, Lions Security, Light up Melboutne elictrical services, Arki Building surveyors, Xtreme audio visual, Lake Side packaging, Avio Travel, Reliance Realestate, IN TV, IFalanga,Estradaplus,intvavstralia.com,folkklubtv. Australian Macedonian weekly, Today, Mariburnong Festival City, Merburnong council.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*