Ана од Австралија: Само што ме побара за жена, по два дена ми раскина само затоа што видел нешто на Фејс

Секогаш мислев дека мојот вереник Боб ме гледа како да сум божица и дека ме обожува. Работам во голема корпорација, на висока позиција сум и имам голем тим зад себе.

Знам дека беше восхитен од мене, зошто често ми зборуваше дека сите замолчувале кога ќе сум влегла во некоја просторија и тоа најмногу му се допаѓало.

Навистина мислев дека нашата врска е цврста, можеби не совршена, ама многу добра. Ако не мислев така, никогаш немаше да ја прифатам неговата понуда за брак. Кога ме побара за жена, многу се израдував на заедничкиот живот и веќе планиравме семејство.

Веридбата беше прекрасна. Многу сакаме да планираме, и во една таква пригода, додека стоев на терасата, тој ме зграпчи за раката, ми рече дека ме сака и го извади прстенот. Бев пресреќна, иако не бев изненадена, зошто веќе ја распрашувал сестра ми околу тоа каков прстен сум сакала (нормално со дијамант).

Следната вечер, ги поканивме најблиските пријатели на вечера за да ја прославиме веридбата. Беше супер, а тогаш мојата другарка Џени ја оплеска целата работа.

Се зазборевме нешто за Фејсбук, и таа тогаш ми рече дека многу сум била агресивна таму. Му го видов изразот на Боб. Тој нема профил на социјалните мрежи, па дури и слабо знае како тие функционираат. Има некаква траума зошто поради Фејбук и Инстаграм двете сестри му се одмилеле кога видел како се однесуваат таму и веќе не ги чувствува за блиски, ниту комуницира со нив.

И во еден момент, Џени го праша Боб што мисли тој за моето однесување на Фејсбук и дали не му пречи тоа што сум толку агресивна. Тој само кратко и одговори дека не знае, зошто слабо стои со социјалните мрежи и ја смени темата.

Вечерта заврши пријатно, ама следниот ден Боб излезе рано и тоа без поздрав. Подоцна ми се јави и ми рече дека мора да разговараме. Си дојде порано дома и ми рече дека бил ужаснет од она што го видел на мојот Фејсбук и дека ја раскинува веридбата, зошто не можел со мене да продолжи да живее.

Ми рече дека сум била некоја друга личност, некоја личност што коментира подло. Ми забележа дека отровно сум коментирала за тоа кој што облекол, колку имал пари, сум коментирала приватни животни, сум навредувала физички изглед и слични глупости.

Не можев да поверувам што ми зборува и сфатив дека човекот си има некој проблем. Ми беше криво во почетокот, ама потоа размислив и веројатно добро е што раскинавме, зошто очигледно нешто не е во ред со него.

Да раскинеш со девојката поради некакви постови на Фејсбук и коментари? Невидено!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*