Австралија: Со камери ќе се открива кој користи мобилен додека вози !

Експерти од Нов Јужен Велс тврдат дека кај возачите кои непрописно ги користат мобилните телефони  во текот на возењето ризикот од сообраќајна незгода е четири пати поголем. Загрижувачки податок за експертите е и тоа дека се повеќе преовладуваат сообраќајни незгоди во кои учествуваат возачи кои користеле телефон додека возеле.

Властите на оваа австралиска држава најавија поставување на 45 камери опремени со посебна технологија за препознавање и откривање мобилни телефони. Камерите треба да бидат поставени до декември 2019 година. Со тоа Австралија ќе стане првата земја во светот која ќе ја користи наведената технологија за казнување на возачите кои користат мобилни телефони во текот на возењето.

Само е прашање на време која истата технологија ќе стане стандард во сообраќајот и во остатокот од светот затоа што многу возачи имаат навика во текот на возењето да гледаат во екранот од телефонот било да е тоа за да напишат порака, да се јават на некој кој ги бара или за да го проверат својот профил на социјалните медиуми.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*