Се вратив порано од Франција за да ја изненадам девојка ми, ама излезе дека таа мене ме изненади

sad woman closeup portrait

Минатата недела се вратив порано од Франција, ненајавен, зошто сакав да ја изненадам девојка ми. Купи прстен од 300 евра, зошто конечно сакав да ја побарам за жена, бидејќи како што велат нашите, добро “се снајдов”, конечно имам нормална работа и плата со која можам се’ да си обезбедат, стан, кола, патувања…

Стигнав 2 часа после полноќ и зошто имам клуч од нејзиниот стан полека влегов за да не ја разбудам, но… штом влегов слушнав звуци од спалната соба.

Веднаш низ глава ми поминаа најцрни мисли и дури едно време си помислив дека не е тоа мојата девојка, дека тоа е некоја нејзина другарка.

Влетав и ја отворив вратата ама таа беше во кревет со нејзиниот “најдобар пријател” кој цело време ми го претставуваше како хомосексуалец.

Целиот живот за секунда ми се сруши.. Се завртев и излегов…прстенот и го оставив на маса во кујната како спомен од мене и она што можеше да го има.

Поминаа 10-тина дена ама болката не ми поминува, не можам никако да поднесам, низ глава постојано ми минуваат милион мисли.

Во врска бевме 5 години и ми се правеше “чесна” девојка, а од мене правела будала. А што е најлошо, уште ја сакам, не знам кога ќе помине ова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*