СООПШТЕНИЕ


Во рамките на Канонската посета на Австралиско-сиднејската епархија од страна на надлежниот архиереј Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на Австралиско-сиднејската епархија, владиката Г. Тимотеј, со неговите придружници: секретарот, протојереј-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски сите од Охрид, Република Македонија, Управниот одбор на Македонската православна црква „Успение на Пресвета Богородица“ од Сиденхам, ги известува своите парохијани и сите православни Македонци од Мелбурн и предградијата, дека на ден 7. Септември, 2019 година (сабота), на празникот посветен на Пренесување на моштите на Св. апостоли Вартоломеј и Тит, во Македонската православна црква „Успение на Пресвета Богородица“ – 340 Sydenham Rd. SYDENHAM, VIC. ќе се отслужи Света Архиерејска Златоустова литургија, со почеток во 9.30 часот. На Светата литургија ќе чиноначалствува и ќе проповеда Митрополитот Г. Тимотеј а со него ќе богослужат: протојереј-ставрофор Никола Христоски, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, архимандритот отец Гаврил (Галев), и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.
Го покануваме Македонскиот народ од Мелбурн и околината масовно да присуствува на светата архиерејска богослужба во нашата црква и да прими свет АРХИПАСТИРСКИ благослов од нашиот надлежен владика, Митрополитот Г. ТИМОТЕЈ.
Сите се добредојдени!
​​​​​​
Од Црковниот Управен Одбор на
​​​​ Црквата „Успение на Пресвета Богородица“
​​​​​​ Сиденхам, Мелбурн

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*