СЕ КОМПЛИЦИРА ПАТОТ ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Македонија во НАТО до Декември останува можен но се помалку веројатен план, велат владините представници. Од стратегискиот бледски форум министерката за одбрана Радмила Шеќеринска вели дека состојбата во Шпанија засега останува неизвесна, но кризата во Велика Британија околу Брегзитот станува нов предизвик за брза ратификација. Шеќеринска додава дека планот за брза ратификација на протоколот за НАТО за земјава за помалку од 10 месеци е амбициозен, со оглед што на Црна Гора и биле потребни повеќе од 18.

– „Има многу непознати, на пример состојбата во Обединетото кралство, дали ќе биде формирана шпанската влада или ќе одат на избори, сето ова може малку да го забави процесот. Но добрата вест е дека НАТО сепак ја испорача обрската, а земјите членки на Европската унија се подготвени да ја стават во преден план истата агенда и да ги наградат сигналите на напредокот на балканот.“ – Радмила Шеќеринска, министерка за одбрана.

Високи извори од СДСМ претходно брифираа дека Шпанската влада пренела до македонските колеги дека во тамошниот парламент ратификацијата за НАТО ќе биде ставена во комисиска процедура, но дали и кога пратениците би гласале зависи од парламентот. На вчерашната средба во Блед, специјален претставник на САД за Балканот Метју Палмер на министрите Шеќеринска и Димитров им порачал дека САД силно ја поддржуваат Македонија во реализацијата на своите стратешки цели – полноправното членство во НАТО и отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

izvor
https://24.mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*