Српски „Курир“ со детали: Боки 13 се заканил дека ако го убијат или измачуваат, веднаш ќе се објават докази против власта и Заев


Српскиот весник „Курир“ ја објави целата изјава, за која вели дека Боки 13 ја кажал во полиција. Тој се заканувал дека ако нешто му фали, биде убиел и слично, доказите против актуелната власт, вклучувајќи го Зоран Заев се кај мајка му и на неколку други адреси.

„Ако ме убиете, ќе паднат и многу политичари, а тука мислам на Заев и неговата Влада. Имам докази против нив и државниот врв. Се е од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мајка ми и на неколку други адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и се осмелите тоа да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачите, застрашувате, со убаво ви кажувам, да не биде после дека не сте знаеле. Во Македонија ќе се случи политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден, само ако ми падне влакно од главата, рекол Бојан Јовановски, пренесува српски „Курир“.

Извори за српски „Курир“ изјавиле дека заканите не се заканите не се наивни.

„Ова е голема афера, каде улога имаат озбилни луѓе, со огромни пари во игра. Во Македонија велат дека ќе има крв. Боки 13 рекетирал многу луѓе. Случајот со Камчев е тек „леден брег“, рекол соговорниокот за српскиот весник.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*