Руминката Кристина Бела снимаше спот во Охрид


Кристина Воику Бела важи за една од најубавите и најуспешни натпреварувачки во балканското ТВ шоу “Никад није касно”.

Таа деновиве вредно работи на снимање на нејзиниот прв спот. Комплетен автор на песната е познатата композиторка Јасмина Јакшиќ, а честа за изработа на спотот им припадна на најдобрите IN PRODUCTION од Охрид. За шминката се погрижи фантастичната Iva S Make up.






Славната пејачка својот спот одлучи да го снима во убавиот Охрид. Таа вели дека за нејзе Охрид е преубаво место, кое плени со својата убавина. ,, Желба ми беше да го посетам Охрид и токму пред некоја недела најдов слободно време и отидов. Јас сум инпресионирана од природната убавина, има многу знаменитости кои туристите можат да ги посетат исто така македонскиот народ е многу гостопримлив, јас навистина сум воодушевена.” вели славната пејачка. Со нетрпение ја чекаме нејзината нова песна и прекрасниот спот, а дотогаш уживајте во нејзината песна ,,Сад је крај”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*