Ѓоко Јовиќ со нова песна и спот за Балканскиот пазар!


“Мила моја” од Ѓоко Јовиќ ќе добие спот. Станува збор за доста емотивна песна, со интересна љубовна приказна.

Ѓоко Јовиќ перидов работи со полна пареа. Иако скоро секој ден заедно со Енерџи бенд се ангажирани на семејните прослави тој успеа да сними спот за неговата најнова песна “Мила моја”, доста емотивна балада со прекрасен текст и интересна љубовна приказна.

-Станува збор за една убава песна и реакциите кои што ги слушам од моите пријатели, другари и колеги се позитивни. Така да, се надевам дека ќе биде еден успешен проект, една успешна песна и спот заедно со ИН ТВ. Ќе ги откријам и авторите, тоа се добропознатите хит мејкери во Србија, Пеџа Меденица и Енџи Маури. Прекрасна песна и видео снимено на преубаво место, хотел Мирор каде што искористивме неколку соби и поразлични локации во хотелот.-открива Ѓоко.

Во спотот се појавуваат Јоцо и Мартина, кои целосно ја доловуваат приказната на песната. Ѓоко во интервјуто, ексклузивно за естрадниот магазин Естрада плус раскажа мал дел од она што ќе се случува во спотот.

-Пред се, ќе ги поздравам Јоцо и неговата сопруга кои што се мои многу добри пријатели, едни од поуспешните фризери и шминкери. Голема благодарност до нив. А во приказната се зборува за еден момент каде што љубовта се губи, барем кај мене, а љубовта се појавува на друго место. Но остатокот, односно поголемиот дел од приказната ќе го оставиме во тајност, самите луѓе да го видат тоа и целата публика, па нека сфатат што сака да каже приказната. Јас секогаш сум со позитивни мисли, така да се надевам дека ќе допре до публиката, но сепак тоа ќе го оставам на нив, публиката да одлучи и да каже. Секогаш сум подготвен тука да ги прифатам и позитивните и негативните критики.-додава тој, за гледачите на ИН ТВ.


Јовиќ тука не запира. За деновиве најавува снимање на уште еден спот, повторно во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*