Тандеми ќе слават јубилеј 20 години


Дваесет години постоење на македонската естрада во месец февруари ќе одбележи групата Тандеми. Се разбира, нивниот јубилеј ќе биде одбележан со пригодна свеченост.




Добропознатите момци од група Тандеми, во месец февруари ќе одбележат јубилеј од 20 години постоење на македонската естрада. Горан, кој што од самите почетоци е дел од група Тандеми при интервју за ИН ТВ истакна дека големиот јубилеј ќе биде одбележан со пригодна свеченост.

-Не се малку, стварно се премногу. За концерт не знам дали ќе направиме, но тоа би требало да го одбележиме. Инаку од составот, јас, Кире и Дејан сме цели дваесет години, дувачот Кире ни е малку подоцна дојден мислам дека е отприлика 8 години со нас и Љупчо хармоникашот затоа што имавме некои измени, тој е отприлика 3 години. Тешко е да се работи бидејќи сме различни карактери. Знаете организацијата е голема, дали за спот, дали за песна, дали за снимање кавери, а сите си имаме обврски.-истакна Горан, за естрадниот магазин Естрада плус.

Вокалот на групата вели дека иако имаат различни карактери со останатите членови, сепак секогаш имаат разбирање еден кон друг и успеваат да се договорат за крајната цел. Според него, без разбирање ниту еден бенд не би можел да постои.

-Јас пак ќе кажам, нашите карактери не се сите исти, но секогаш барем за целта успеваме да се договориме бидејќи за една група јас велам дека треба како една фамилија да биде. Плус тоа треба да се има и своја каса, сега засега добро се држиме затоа што си тргаме и пари за каса, морам да кажам дека сами се спонзорираме и разбирањето кое што е меѓу нас па крајниот резултат е тој. Плус тоа константно имаме работа и тоа е голем дел бидејќи група што нема работа, неможе да постои.-додава тој, во интервјуто за ИН ТВ.

Група Тандеми изминатиов викенд го снимија спотот за нивната најнова песна која носи наслов “Пет до девет е”, песна за која што веруваат и се надеваат дека ќе стане новиот летен хит. Спотот е во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*