Стојне и Бобан со нов проект!


Стојне Николова и Бобан Мојсовски снимија проект со кавери на познати македонски песни, од кои повеќето патриотски. Тие се надеваат дека проектот ќе биде добро прифатен од јавноста.

Доста активни периодов се Стојне Николова и Бобан Мојсовски. И покрај бројните ангажани кои ги имаат ова лето, тие успеаа да пронајдат време и за снимање на проект. Станува збор за повеќе сплетови со преработки на добропознати македонски народни песни.

-Најпрво морам да кажам дека ми е мило што повторно ја продолживме соработката со ИН Продукција. Инаку, снимивме видео за повеќе сплетови од македонски песни, повеќето патриотски, македонски убави наши песни. Ќе бидат промовирани за неколку дена.-истакна Стојне, за естрадниот магазин Естрада плус.

Стојне вели дека овој проект ќе биде малку поразличен од она што досега го работеле и се надева дека истиот ќе биде добро прифатен од публиката.

-Проектот го работевме со моите долгогодишни соработници, односно ќе кажам мојата екипа Бобан Мојсовски и Јане Рафаиловски. Нешто малку поразлично од нас, да има за сите вкусови, така да се надевам дека ќе им се допадне и ќе се прифати од страна на публиката. Заедно ги биравме песните, но главниот виновник посебно за патриотските песни е Јане, морам да признаам бидејќи навистина има осет за тие работи како и што да се направи и навистина му благодарам.-додава Стојне, за гледачите на ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*