1932 – формирана е Играорна група во с. Раштак, од 14 играчи и пејачи…


Како добар познавач на фолклорот и правилата на игра, кон крајот на 1944 година ороводецот на групата Трајче Попов е демобилизиран од 16та Македонска Бригада да формира Ансамбл на народни песни и ора. Истиот Трајче Попов во 1945 година е уапсен заради промакедонски активности и осуден на смртна казна и стрелан 18.08.1946 година на непозната локација…

По Втората светска војна групата бележи настапи низ цела Македонија, гостува во Албанија, Бугарија и Србија. Својот крај играорната група Раштак по 20 годишно успешно опстојување односно од 1928 до 1948 година го крунисува без својот деец Трајче Попов со учество на фестивалот во Битола на кој учествуваат 272 групи од Македонија и на овој фестивал групата освојува една од првите три награди. Од сите фестивали што се одржуваат низ Македонија до 1948 година се прави избор на идниот Државен Ансамбл на народни песни и ора на Македонија, подоцна ТАНЕЦ кој е формиран 1949 година.

Од македонските ора кои се изведувани и запишани (а биле преку 200) пред формирањето на Танец, само осум се влезени во тогашниот репертоар на ТАНЕЦ. Иако со грешки во музичката анализа и едноставниот опис на движењата од тие осум ЧЕТИРИ се од Раштевската група – Црногорска, Поступано, Потрчано и Баба Ѓурѓа, ТРИ се од Лазарополската група – Тропнало Оро, Тешкото и Скудринка и ЕДНО е од Гевгелиска (Миравци) – Русалиско оро (сечи моме).

http://rashtak.com/index.php/kulturna-tradicija/4-igraorna-grupa-rashtak

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*