Во организација на општина Новаци и Здружението за мода Пикси Студио беше одржано свеченото отворање на манифестацијата Културно – Забавно Лето НОВАЦИ 2019.

Синоќа во организација на општина Новаци и Здружението за мода Пикси Студио беше одржано свеченото отворање на манифестацијата Културно – Забавно Лето НОВАЦИ 2019.
Гости од дијаспората, претставници од руската амбасада, градоначалници од пелагонискиот регион, градоначалникот на збратимената општина Дуги Рад од Р.Хрватска и пред околу 1000 посетители во дворот на општина Новаци на манифестацијата насловена “ЅВЕЗДЕНА ФОЛК И ПОП ВЕЧЕР ” настапија естрадните ѕвезди : Сузана Гавазова, Ален Хасановиќ , Молика Оне Бенд и водителот Ване Маркоски (канал 5).


Културното – забавно Лето 2019 продолжува наредната НЕДЕЛА на 7 Јули со хумористичната претстава “ТАА РЕЧЕ ДА” и артистите на СОЛЗА и СМЕА во дворот на Општина Новаци од 21 часот
Покровители на целата манифестација се градоначалникот Г-дин Љубе Кузманоски и советот на општина Новаци

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*