Maкедонецот Волкановски со порака до Сехудо: „Остани таму каде што си !“

Хенри Сехудо минатата недела стана четвртиот борец во UFC кој поседува појаси од две категории. Но, желбите на олимпискиот медалист не застануваат тука, тој најави дека сака да оди уште една категорија повисоко и да биде шампион на дури 3 категории.

Александар Волкановски е Македонец чие семејство пред многу години се преселило да живее во Австралија. Неговиот прекар е „Велики“, погодувате сигурно зошто. Тој е моментално во врвот на категоријата до 57 килограми. Во неговото последно интервју тој реши да ги прокоментира желбите на Сехудо за освојување на појасот во неговата категорија.

„Остани таму каде што си, Хенри. Искрено, тоа што тој го направи е неверојатно. Дури јас и предвидов дека тој ќе го победи Мораеш и не очекував дека ќе има толку проблеми во текот на борбата. Можеби повредата на ногата му создаваше одредени проблеми, но во целсот добро е за него што победи. Сепак да се преселиш во нашата категорија до 57 килограми, треба да бидеш брз во оваа категорија и силен како ѕвер. Исто така ние сме категорија која е пренатрупена со многу силни момци и не верувам дека тој сака да се соочи со некој од нив“.




Александар даде коментар и на евантуална борба на Сехудо со него: „Тој ќе биде многу пократок од мене, видовте што можам да направам против многу повисоки борци од мене, замислете што можам да му направам на некој двојно помал од мене“.
Александар „Велики“ Волкановски требаше да се бори за шампионскиот појас во неговата категорија, но после победата на легендарниот Жозе Алдо тој заработи многу опасна инфекција и му се закануваше опасност од ампутација на ногата. Тој ги надмина тие проблеми и со нетрпение очекува шанса да застане на тронот во UFC.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*