Мистеријата околу кралската гробница на Филип Втори конечно решена

Филип II бил убиен во 359 п.н.е. во древната престолнина на кралството Македон од страна на еден од неговите седум телохранители, за што одамна се дебатира.Три кралски гробници беа откриени во Великата могила во Вергина во 1970-тите, а за две од нив се покажа дека се од особен интерес поради богатствата што ги содржеа.Првиот гроб содржеше маж, жена и штотуку родено дете, а вториот гроб содржеше маж и жена и огромен спектар гробни предмети, меѓу кои и двa златни ларнакси (мали ковчези) и оклоп. И покрај сè поголемите докази дека вториот не бил гробот на Филип, „археолошките власти сè уште тврдат дека вториот гроб му припаѓа на Филип II“. Стар текст укажуваше дека Филип бил кремиран – а органите во гробницата не биле подложени на оваа погребна практика.Објавувајќи ги своите наоди во списанието ПНАС, Хуан Луис Арсуага од универзитетот Комплутенс во Мадрид и Андонис Барциокас од Универзитетот Демокрит во Тракија, Комотини, сега ги анализирале гробовите со скенирање и радиографија за да покажат дека Филип навистина е погребен во првата гробница заедно со Клеопатра и нивното дете.Истражувачите го истражувале идентитетот на мажот, жената и бебето утврдувајќи ја нивната возраст и споредувајќи ги со личности од античките литературни извори. За бебето било откриено дека имало 41-44 недели, што значи или било новороденче или сè уште било во матката.Жената имала околу 18 години – на иста возраст на која била Клеопатра кога починала (кратко време по Филип) – многу поблиску од женското тело што било пронајдено во втората гробница.Многу поубедлива, сепак, била анализата на машкиот скелет. Било заклучено дека тој имал околу 45 години кога починал, што се совпаѓа со возраста на која Филип бил убиен, но исто така било откриено дека добил тешка рана на коленото три години пред неговата смрт.Ова се совпаѓа со информациите за животот на Филип: „Додека Филип се враќал во Македонија од Скитскиот поход против кралот Атеј, го сретнал тракиското племе Трибали, кое одбило да му дозволи да помине освен ако им даде дел од пленот“, пишуваат научниците. „Оттука, настанал спор, а потоа и битка, во која Филип добил толку тешка рана низ ногата со копје што од тоа му бил убиен коњот.“Анализата покажува дека мажот во првата гробница имал ножна коска со стврднат зглоб на коленото, знаци на слеани коски и дупка во коленото што укажува на прободна рана. „Затоа, накривувањето на Филип е дефинитивен доказ за еден од скелетите во гробот да се идентификува како Филип.“Барциокас изјавил за британски ИБТајмс дека нивните наоди треба „дефинитивно“ да доведат до општ консензус за гробот на Филип: „Доказите овојпат се супериорни“, рече тој. „Анкилозата на коленото, заедно со дупката на коската предизвикана од копје, укажува на прободна рана, а тоа е доказ дека коските му припаѓаат на кралот Филип II. Исто така, двата други скелети, младата жена и новороденчето, апсолутно се во согласност со историските докази, бидејќи знаеме дека Филип бил убиен со неговата сопруга Клеопатра и новороденото дете.“Барциокас повеќе од 15 години работи на идентитетот на кралските гробници и претходно докажа дека череп за кој се сметаше дека му припаѓа на кралот Филип не е негов. Тој вели дека е добро конечно да се реши мистеријата: „Сега е сигурно дека првиот гроб е на Филип II, а вториот гроб е на (полубратот на Александар Велики) Филип III Аридеј.“„И дека ја имаме коската од ногата на Филип со познатата повреда. Исклучително ретка работа е една коска да може да носи толку многу историски докази во себе илјадници години.“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*