Ципрас: Сега ние сме единствените што имаме аеродром и универзитет „Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во говор за кампањата за европските избори како претседател на СИРИЗА синоќа го спомена и Преспанскиот договор и дека ривалската Нова Демократија сака да ја подели земјата на „патриоти и непатриоти“.

“Тие сакаат да не делат, да не раздела на патриоти и не патриоти”, се наведува во говорот на Ципрас кој наедно се повикуваше и на Преспанскиот договор, за што НД жестоко се спротивстави. Спротивно на тврдењата, рече тој, договорот “ги обврзува нашите соседи да го сменат уставот, да го сменат уставното име, да ги променат имињата на аеродромите и патиштата, да ги променат своите книги и да стават крај на тврдењето за сопствената историја”.

Понатаму, премиерот рече: “Сега сме единствените што имаат аеродром „Македонија“ и универзитет со исто име, а не нашите соседи” и дека Северна Македонија стана стратешки партнер на Грција, наместо алатка во раце на трети страни во регионот.

„ Да го заштитиме она што го постигнавме со таквиот труд и да го спречиме обидот за враќање на старото статус кво. Сега можеме да ја планираме иднината што е посветла од темнината на банкрот во која не фрли претходната власт“, рече Ципрас.

извор: фактор.мк

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*