Конкурс за избор на композиции за ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2019

Продолжувајќи ја музичко-културната традиција од изминатите години, на 27 август 2019 година, во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, ќе се одржи новото издание на фестивалот на македонската песна „ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2019„. Единствената автентична културна манифестација која се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво и оваа година настојува да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ На конкурсот може да учествуваат сите домашни автори и изведувачи кои ја афирмираат и изведуваат новокомпонираната песна во духот на македонското фолклорно творештво, почитувајќи ја уникатната македонска мелоритмика и музички израз. како и богатото историско минато на македонскиот народ. Песните може да обработуваат теми од свадбарски, чалгаџиски, родољубив и љубовен карактер.Секој автор кој е заинтересиран да конкурира на фестивалот, потребно е да достави нотен запис, со впишани хармонски симболи, стихови, како и демо-снимка за секоја песна. Со испраќањето песни на конкурсот, авторите му го отстапуваат правото на организаторот песните да ги аранжира, печати, за прв пат јавно да ги изведува, да ги сними на носачи на звук и слика, и сите овие права или некое од нив поединечно да ги пренесе на трети лица. Организаторот го задржува правото преку своите стручни комисии да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармониски и текстуални корекции. Доколку на конкурсот не пристигнат доволен број на квалитетни трудови, организаторот го задржува правото истите да ги обезбеди по пат на нарачки.Рокот за доставување на песните е 30 јуни 2019 година.Песните може да се испратат на електронската адреса lesockifolkfestival@yahoo.comДополнителни информации и контакт на телефоните 070 262 355, 076 493 783 и 078 318 298Со почит од организаторите на Лешочки Фолк Фест

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*