Австралискиот долар со печатна грешка вредна 2,3 милијарди долари


Австралиската централна банка преземала одговорност за отпечатената грешка на 46 банкноти, откако една радио станица објави на социјалните мрежи дека на банкнотите има микроскопска грешка.

Радиот „Трпл М“ денеска на Инстаграм објави зголемена фотографија од банкнотата од 50 австралиски долари на која се гледа погрешно напишаниот збор „одговорност“, пренесува агенцијата АП.

Зборот „responsibility” (одговорност) се појавува на банкнотата три пати, при што третата буква „и“ е изоставена.

Австралиската централна банка вели дека оваа правописна грешка ќе биде исправена при наредното печатење оваа година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*