Џафери: Ако нема цензус, на 12. мај ќе ја преземам функцијата претседател на Македонија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното издание на „Click Plus“ го објаснуваше процесот на избори во втор круг како и потребниот цензус од 40%. Џафери рече дека доколку не биде постигнат цензус од 40%, на 12. мај дека тој ќе треба да ја преземе функцијата на претседател на Република Македонија.

Како што веќе објавивме, Џафери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, повика на масовна излезност в недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.

Со Џафери вечерва разговараме за актуелно-политички теми, изборниот процес, како и потребниот цензус за избор на претседател на РСМ.

Во вториот круг на изборите закажан за 5-ти мај, во трка се двајцата кандидати за претседател со најповеќе освоени гласови во првиот круг, односно Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски.

tv21.tv/mk

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*