Канада ги отвара вратите за Македонците: Најавени нови експресни визи

Канадската влада најави дека ќе започне со доделување на експресни визи кои ќе им овозможат на работодавачите што побрзо да ги пополнат работните места со квалификувани работници.

Станува збор за промена на имиграцискиот систем на кој Канаѓаните работат во изминатите 18 месеци. Новата Express Entry виза ќе го замени тоа што досега се викаше Expression of Interest и ќе биде побрз начин Канада да ги одбере имигрантите врз основ на нивните вештини и знаења кои и требаат на Kанада, а на основ на интересите кои ги идентификуваат владата и работодавачите.

Express Entry визата ќе има и можност за долгорочно останување во Канада.

Четири програми

„Ќе можете да донесете своја проценка и понуда за работа и преку Express Entry системот да се осигурате дека личноста која ви треба ќе дојде во Канада како имигрант, а не привремен странски работник. Значи, не како некој кој тука е со несигурна иднина и кој веројатно ќе си замине, туку како вистински имигрант во Канада”, изјави канадскиот министер за имиграција Крис Александер.

Како што објаснува СВС, идните имигранти прво би искажале интерес за доаѓање во Канада, а потоа би одговориле на низа прашања за своите вештини, едукација, јазиците кои ги говорат и т.н. Тогаш, нивниот профил би се споредил со потребите на пазарот на трудот, а потоа би им се понудила работа низ четири програми на кои ќе можат да се пријават.

Со ова, Канада би ги избрала најдобрите работници кои ќе се пријават, а не оние кои ќе се пријават први, а целиот процес за добивање дозволи ќе се скрати на шест месеци и помалку.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*