ИВАНОВСКИ: ИВАНОВ НЕ МОЖЕ ДА ЈА ПРОДОЛЖИ ПРЕТСЕДАТЕЛСКАТА ФУНКЦИЈА, ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ОБЕЗБЕДАТ ИЗБОРНИОТ ЦЕНЗУС

По завршување на претседателскиот мандат Ѓорге Иванов никако не може да ја продолжи функцијата. Тоа може да се случи само доколку има војна или вонредна состојба во државата, а тоа е сложена постапка за која е потребно двотретинско мнозинство. Затоа граѓаните треба да бидат одговорни за да се обезбеди изборниот цензус што не е толку недостижен, вели поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски.

– Иванов во никој случај не може да биде вратен. Ниту Свети Јован не може да го врати на функцијата. Таа комбинација отпаѓа во секој случај. Доколку не се спроведе изборот останува претседателот на Собрание. Не дека тој станува претседател на Републиката, туку ги врши неопходните функции што се за претседателот на Републиката до моментот на повторниот избор, вели Ивановски.

Тоа значи, како што појаснува, дека Талат Џафери не станува и претседател на Републиката и претседател на Собранието, туку во тој период неговите ингеренции во Собранието мируваат и нема право на одлучување. Во однос пак на претседателските функции, тој би ги вршел основните функциите на претседател на Републиката.

Според поранешниот претседател на Уставниот суд, неопходно е од кој било аспект, од уставно-правен, политички или од граѓански аспект, да се постигне цензусот и да се изврши избор на претседател на Републиката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*