Австралиски педофил силувал и 15 месечно бебе


Судот во Австралија заклучи дека злосторството што го направил педофилот од Аделаида , а најстрашно во историјата на земјата.

Педофилот Руека Токпуза ги признал сите 51 точка во обвинението , кое го товари за силување на 13 деца , меѓу кои и дури едно 15 месечно бебе. 31 годишниот педофил злоставувал мналолетни момчиња , кои ги намамувалза да ги искористи сексуално , а потоа на интернет објавувал фотографии и видеа.

Полицијата во неговиот дом пронашла 12 500 фотографии и 650 видеа од силување деца. Во последните шест години педофилот злоставувал австралиски и тајландскидеца , додека бил на патување во оваа земја.

Обвинителот Хит Беркли изјави дека не постои друг ваков брутален случај во австралиското правосудство, не само по бројот на жртвите , туку и според начинот на кој го вршел нападите. Педофилот не изразил дека се кае за злосторството, што повеќето други педофили го направија пред судот во Австралија.

Од друга страна неговито адвокат побара од судијата Лесли Чепман да го ослободи неговито клиент со условна казна , откако ќе го помине периодот на рехабилитација.    

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*