Повеќе македонски деца лани се родиле во странство отколку дома. Во Швајцарија и Италија, речиси 2 500

Лани, повеќе македонски деца се родиле  во странство отколку во Македонија, вели анализата на  статистичарот Дончо Герасимовски.

Во Македонија,  природниот прираст на населението лани бил само 1.436 лица, додека во странство  тој број е 3.121 лице.

Според истата статистика, најмакедонска земја според бројот на новородени деца е Швајцарија со 1 426 . Понатаму следуваат: Италија 1 070, Германија  900, Австрија 386, Словенија 149, Турција 99, Белгија 91, Франција 64, Америка 60 и т.н.

Ова истражување изведува и заклучок од каде, односно  од кои општини во државата  се родителите на родените деца. Најмногу се од  Гостивар од каде потекло водат 570 новредени деца во странство. Потоа се Струга со 330, Тетово 286, Кичево, 242, Врапчиште 217 и т.н.

Сите овие општини се од Западниот дел на Македонија,  но во нив сепак има позитивен  натален раст. Значи и овде во Македонија и во страство овие општини по број на население се зголемуваат. Но, најлошото е во  нашиот, односно Источниот  регион.

Имено, во општините  Македонска Каменица, Виница, Делчево, Свети Николе и Кочани  растот е само во странските земји.  Според авторот на анализата Герасимовски, овие  деца  се роден во странство, но се запишани  во нашите матични книги.  Ова нив ги прави присутни овде, но реално тие живеат на друго место.

Причините за овој дебакал  со нашиот наталитет се општо познати  поради што  Македнија многу бргу  влегува во демографска старост, нешто кое ке има уште поголеми последици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*