Кога сите коцки ќе се поклопат тоа изгледа вака!

Урнати рекорди од времето кога најпополарни пејачи од Македонија полнеа сали во Австралија.Како што изјавуваат дел од Македонските менаџери во Австралија се случувало по 3 концерти во град ама сега имаме 5 и тоа организирани и во четврток или Недела,да подсетиме последно концерти се организираат претежно во Сабота дури поретко и во петок.

Дамјан Стојаноски,Влатко Миладиновски и Златко Миладиноски на Австралиската турнеа заминаа пред се со хит песни,опште познато за турнеите во Австралија е дека без хит песна нема успех.Влатко Миладиновски последниве години имаше дури 3 хитови и тоа Жениме мамо,За тебе Софке и капаче на се беше сега веќе најголемиот хит Велат не нема.И трите песни видеата беа снимани со ИН Продукција која пак е единствен застапник на Сателитската ИНТВ Австралија.Дамјан Стојаноски оваа турнеа оди со голем хит а тоа е Тешко мина Докторе,која всушност песна и ја оцртува неговата кариера,песната беше снимена од поодамна и веке пуштена низ социалните мрежи а своето светло го виде после снимањето на видеозаписот за истата песна се разбира и Дамјан како Влатко за ИНТВ го снимаше видеозаписот за која следеше голема кампања од ИНТВ.

Со тоа веќе беше отворен патот за Австралиска турнеа,и веќе беа контактирани од Аце Петровски од Младинската Македонска организација во Австралија Никола Карев кое важи во Австралија и најдобра организација која ја негува Македонската музика и ретко прави промашај во изборот на пејачи од Македонија.После оваа голема и успешна турнеја Аце Петровски најавува дека за 2 години повторно истата екипа во исти термин ке бидат на исто место.ИНТВ целата турнеја максимално ја рекламираше два месеци пред турнејата и турнејата беше цело време следен од екипа на ИНТВ и секој нивни чекор презентиран како во публиката низ Австралија така и низ целиот свет преку ИНТВ и нивните други медиуми.

Да подсетиме турнеаата беше во 3 недели и се одржаа 2 екстра концерти и сите други концерти распродадено до последно место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*