Наскоро!! промоција на две песни и два видеозаписи на групата “Црешово топче”


Крушевската група “Црешово топче” деновиве снимаше два нови видео записи за песната “Една Марија” како и орото кое е насловено како “Фанки деветка”. Групата е презадоволна од целатат реализација, со оглед на тоа што се снимаше на неколку познати атрактивни локации во нивното родно Крушево. Повеќе детали за авторите на музичките дела откриваат Васко и Љупчо, кои се членови на групата.


-Денеска снимавме два видео записи за една песна и едно оро кои што се направени од групата “Црешово топче”. Песната се вика “Една Марија “ музиката е на напиот колега, трубач, Љупчо Богатиновски. Снимено е во студиото во Прилеп кај Рубин Димковски, кој што исто така го направи аранжманот, а текстот е на Душко Темелковски, кој што исто е од Прилеп, кој што му благодариме за целиот ангажман, истакна Васко Јанкуловски.

Авторот на “Фанки деветка”, Љупчо истакна како дошол до идеја за снимање на едно вакво мошне интересно музичко парче.

-“Фанки деветка” е оро кое што сакавме да го направиме во малку поинаков стил, модерен, фанк стил. Јас сум автор на музиката на орото а аранжманот е на Кире Гаралоски, а продукциската работа ја заврши Рубин Димковски, кој исто така е наш соработник, им благодариме на двајцата за соработката, истакнува Љупчо.


Локациите на кои се снимаше видео записот за “Една Марија” се реномираниот хотел “Монтана палас” во Крушево, како и познатата крушевска чаршија и спомен Галеријата на Никола Мартиноски.  Од групата “Црешово топче” изразуваат голема надеж и очекување дека песната и орото ќе бидат добр прифатени од страна на публиката.




Наскоро видео записите ќе бидат промовирани на сателитеските канали на ИН телевизија.


Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*