Затворени се вратите за осудените за семејно насилство

Посетителите на Австралија осудени за семејно насилство ќе бидат протерани од земјата или ќе им биде забранет влез, изјави министерот за имиграција Дејвид Колман.

Новите закони, што стапија во сила во четвртокот, се во согласност со постоечката легислатива со која не се дозволува издавање на влезна виза на лица кои се осудени на една година или повеќе години затвор и за други дела.

– Австралија не толерира сторители на семејно насилство. Ако сте прогласени за виновен за насилство врз жени и деца не сте добродојдени во земјата, истакна Колман, додавајќи дека во случаи на семејно насилство не е важна должината на казната на кои се осудени сторителите.

Канбера досега одби да му издаде виза на американскиот рапер Крис Браун, кој е осуден за насилство врз Ријана во 2009 година, како и на боксерот Флојд Мејведер, кој е осуден за повторно насилство врз сопругата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*